Монах со убодни рани во градите денеска бил пронајден во манастирот „Глоговац“ кај Шипово во Република Српска. Раните најверојатно настанале од нож, дознава „Независне новине“. Иако оваа информација не е официјално потврдена од полицијата, жителите на Шипово тврдат дека низ ова место поминал полициски кордон и екипа брза помош.

Исто така неофицијално, се наведува дека полицијата трага по маж, кој може да биде поврзан со злосторството, но детални информации од надлежните органи не се објавени.

Локалното население е шокирано и во неверување дека се случило злосторство против монах на ова свето место.

На официјалната веб-страница на манастирот е објавено:

Во неверување и тага, ги известуваме сите верници на манастирот Глоговац дека непознат сторител вечерта на 7 декември го убил отец Стефан, долгогодишен монах во манастирот Глоговац.

Според првите неофицијални и непроверени информации, несреќниот монах бил убиен од наркоман од Бања Лука, кој дошол во манастирот со намера да побара од него пари.

Манастирот Глоговац е средновековен манастир на Српската православна црква посветен на Светиот великомаченик Георгиј. Се наоѓа околу 15 километри јужно од Шипово, во Република Српска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.