Најмалку три лица загинаа откако осумкатница се урна во Истанбул, а властите објавија и снимка од уривањето.

Спасувачите од урнатините извлекле шест лица, стапиле во контакт со четири и работат на наоѓање на другите кои се заробени, им кажа на новинарите претседателот на турскиот парламент Бинали Јилдерим, кандидат за градоначалник на Истанбул на изборите на 31 март.

Во зградата со 14 станови живееле 43 луѓе, а засега не се знае колку од нив биле во зградата во моментот на уривањето.

Последните три спрата биле изградени нелегално, изјави гувернерот на Истанбул Али Јерликаја. Турското обвинителство соопшти дека отворило истрага за уривањето на 27 години старата зграда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.