Потрагата по семејството Лала во урнатините на зградата продолжува, но засега нема добри вести. Албанскиот новинар Мустафај известува дека тимовите работат и го обезбедуваат горниот дел од објектот за да може да се влезе внатре.

Според спасувачките тимови, ова е најтешката операција, а на неа работат над 30 лица. И покрај потрагата уште од синоќа, за жал спасувачите не успеаја да стигнат до ниту еден од шесте членови на семејството Лала во Драч.

По првиот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер, домот на семејството Лала беше тешко оштетен, но дел од него успеа да остане исправен. Спасувачките екипи тогаш можеа да ги чујат повиците за помош од семејството.

Но, зградата подоцна пропадна, и оттогаш нема никаков контакт со семејството, ни знак дека некој од нив е преживеан.

Видеото објавено на албанските медиуми го покажува моментот кога зградата се руши.

Во урнатините во моментов има шест лица. Меѓу нив е и жена со три деца, маж и девојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.