Со багер денеска се растеруваа насобраните демонстранти во Шабац, кои го блокираа мостот на Сава, како дел од протестите во повеќе српски градови против два контроверзни закони. Едниот од нив, законот за експропријација ќе ѝ дозволува на државата да пренамени земјиште за проекти од јавно значење. Демонстрантите тврдат дека експропријацијата на земјоделско земјиште во западна Србија е со цел да ѝ се овозможи на рударската корпорација „Рио Тинто” и странскиот приватен капитал да експлоатираат и хемиски преработуваат литиумска руда за производство на батерии.

Иако се демонстрираше во повеќе градови, најжестоко помина протестот во Шабац, каде граѓаните се обидоа да го запрат багерот со кој требаше да се растера толпата. Во еден момент, маж качен на багерот се искара со присутните, за еден од демонстрантите конечно да упсее да се качи на багерот и со неколку тупаници да го совлада:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.