19-годишниот Стефан од околината на Пожаревац се удави на плажата во Олимпик Бич. Тој во Грција отишол со сестра му и вујко му и на последниот ден од седмодневниот одмор во Олимпик сакал уште еднаш да се искапи, што било кобно за него.

Несреќата се случила во непосредна близина на кулата за спасувачи на плажата која била празна, бидејќи ден претходно спасувачката служба стапила во штрајк порада неисплатени плати.

Телото на момчето биле извадено, екипата на итна помош која пристигнала на местото на настанот се обидела да го реанимира, но нивните обиди биле неуспешни.

Родителите на Стефан веднаш пристигнале во Паралија, а неговата обдукцијата ќе се изврши во понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.