Потпретседателката на владата на Србија и министeрка за транспорт Зорана Михајловиќ, се омажила тајно со бизнисменот Владимир Атанасковиќ, пишуваат српските медиуми.

Михајловиќ подолг период се среќава со Атанасковиќ, но својот приватен живот го крие од јавноста. Но новиот сопруг неочекувано се пофалил на социјалните мрежи и обелоденил дека се во брак.

Зорана и Владимир се познаваат од средно училиште каде што ја почнале својата љубов. Откако матурирале Владимир заминал во странство, а Зорана во меѓувреме се омажила и родила син.

По две децении повторно се среќаваат за една Нова Година и ја продолжуваат врската.

Сепак од кабинетот на министерката Михајловиќ тврдат дека веста е лажна, а и профилот на кој наводно Владимир обелоденил дека стапил во брак со Зорана. Од истиот профил и претходно се објавувани неточни информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.