Големо национално социолошко истражување во Србија покажало дека младите Срби најмалку ги сакаат Бугарите, Хрватите и Албанците, пренесува агенцијата БГНЕС.

Истражувањето го нарачала српската младинска организација Покрив, а целосните резултати од истражувањето ќе бидат објавени на 12 август во Белград на Меѓународниот форум на младите.

На прашањето „Каков е вашиот однос кон националните малцинства?“ на скала од четири бода, каде еден е највисока оценка а четири најмала, Бугарите добиле оценка 2,09, Хрватите добиле 2,04, а зад Бугарите и Хрватите се Албанците со оцена 2,52.

Младите во Србија најмногу ги сакаат Македонците и Црногорците, па им дале оцени 1,75 и 1,68. Во средината се наоѓаат Унгарците, Романците и Бошњаците.

Според истражувањето, 55 отсто од младите во Србија се против воведување санкции на Русија. 43 отсто од нив сметаат дека Србија треба да балансира меѓу источните и западните земји. Во случај Србија да треба да бира меѓу Истокот и Западот, 53 отсто од анкетираните сметаат дека нивната земја треба да се сврти кон Истокот.

Дека државата не треба да ја осудува Русија за агресијата на Украина сметаат 55 отсто од младите Срби. Само 18 отсто сметаат дека Србија треба да ѝ воведе санкции на Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.