Дваесет и петгодишна девојка вчера починала среде забава, откако претходно ѝ се слошило во популарна кафеана во Зрењанин, Србија. Нејзината смрт засега е мистерија, а според вработените, таа била гостинка на моминска вечер.

Починатата девојка вчера беше на моминска забава кај нас. Беа сместени во градината, а таа беше весела, се забавуваше, но одеднаш падна како покосена. Келнерите веднаш ја изнесоа од градината, а нашата колешка повика Брза помош, која се појави за околу седум минути. Гостинката не пиеше алкохол, ами само вода. Дури нејзините другарки коментираа дека водела здрав живот, била вегетаријанец, изјавиле за српски „Курир“ вработените во кафеаната.

Според нивните сознанија, во крвта на девојката не е пронајден ниту алкохол, ниту наркотици. Телото е предадено во судска медицина на обдукција, по што ќе се знаат причините за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.