Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, денеска вакцинира граѓани на Саемот во Загреб.

Тој е таму од осум часот изутрина и активно учествува во вакцинирање на граѓаните со вакцината на АстраЗенека.

Планирано е на овој саем денеска да бидат имунизирани околу 2.300 лица со првата доза на вакцина. Вчера во Хрватска беа аплицирани 53.059 дози вакцини, што го надмина рекордот по бројот на вакцинирани од 29. април, кога 46.887 граѓани ја примија својата доза.

Од почетокот на вакцинацијата во Хрватска, потрошени се околу 1.078.760 дози, односно вакцинирани се 25 проценти од возрасната популација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.