Мило Ѓукановиќ денеска е реизбран за претседател на Демократската партија на социјалистите во Црна Гора, одлучено е на вонредниот конгрес на партијата.

За Ѓукановиќ, кој е и претседател на Црна Гора, гласаа 585 делегати, додека еден беше воздржан, пренесува РТЦГ.

Јевто Ераковиќ, Иван Вуковиќ, Абаз Диздаревиќ и Сања Дамјановиќ беа избрани за потпретседатели на ДПС.

Ѓукановиќ беше единствениот кандидат за претседател на ДПС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.