Кандидатот за претседател на Црна Гора од Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ изјави дека претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ во првиот круг од претседателските избори „го достигнал максимумот“ и оти е убеден дека тој ќе извојува голема заедничка победа во вториот круг.

– Како што ветив дека ќе успееме, синоќа покажав дека успеавме. Ова е прво полувреме, а во второто ќе ја запечатиме заедничката победа против политиката на поделби и сиромаштија, изјави Јаков Милатовиќ, претседателскиот кандидат на Движењето „Европа сега“ во гостувањето на телевизијата Вијести. Тој истакна дека не сака да ја монополизира победата.

Милатовиќ го обвини Ѓукановиќ дека „организирал физички напад“ врз него.

– Она што сигурно го знам е дека ќе продолжам да испраќам позитивни пораки, да зборувам за економијата, да нагласувам работи кои нè обединуваат, да се фокусираме на евроинтеграциите. Што ќе прави Ѓукановиќ – тоа е проблем на Ѓукановиќ. Знаете и самите дека овoj човек во недостиг на аргументи организираше физички напад врз мене. Се надевам дека во следните 15 дена полицијата и нашите безбедносни служби некако ќе успеат да ја држат ситуацијата апсолутно под контрола“, порача Милатовиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.