Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави дека во документите на Европската Унија никаде не пишува дека Србија мора да го признае Косово.

На прашањето да го разјасни она што останало недокажано од Преспа форумот во Македонија, дека во документите на ЕУ пишува дека Србија мора да го признае Косово, претседателот на Хрватска одговори дека никаде не пишува дека Србија мора да го признае Косово за да пристапи во ЕУ.

Додаде и дека ова е последен пат да зборува на таа тема.

Милановиќ денес на самитот на НАТО кажа и дека во Хрватска за одлуката за примање на Шведска и Финска во воениот пакт ќе одлучува парламентот и дека не е во доменот на неговата надлежност, но и дека неговиот личен став по тоа прашање нордиските земји не треба да го сфаќаат лично.

„Повеќе пати повторив и во телефонски разговор со финскиот претседател дека тука нема ништо лично што се однесува до мене, тоа се држави кои исполнуваат високи критериуми, ова што Турција го бара од нив е доста, јас сум повеќе на шведска отколку на турска страна, ќе гледаме како нештата ќе се развиваат понатаму“, кажа Милановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.