Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска пред хрватските медиуми ја коментираше војната во Украина. Тој рече дека не му е јасна изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Владимир Путин не треба да се понижува.

Не разбирам што сакаше да каже Макрон со тоа. Не знам како Путин би можел да биде понижен. Невозможно е да ги победиме, тие се насилни и премногу силни и многу опасни. Тоа го гледаме. Донбас е на 150 километри од Волгоград. Ако Русија беше демократија, ќе можеше да се разговара со нив“, рече Милановиќ.

Според хрватскиот претседател, текот на војната се движи само во еден правец.

Украинскиот претседател нема друг избор освен да зборува и да го прави она што го кажува, а тоа, за жал, како што можеме да видиме, води кон воен пораз“, рече Милановиќ.

Тој додаде дека актуелното храбрење на Украина значи и борба до последен Украинец, а според него, и најслабите аналитичари знаат дека Русија ја контролира ситуацијата.

Руската чизма не оди таму од каде што доаѓа. Никој нема да ги избрка. Тоа е моќна воена сила. Можеме да уживаме во нивната бавност, но, за жал, така е. Три пати ја испочитував Украина, но таму умираат луѓе. И тие ќе продолжат да умираат ако ја храбриме Украина да се бори, да се бори до последниот Украинец“, рече тој.

Претседателот на Франција во интервју за француските медиуми изјавил дека неговиот руски колега Владимир Путин направил историска грешка со инвазијата врз Украина.

Мислам, и му кажав, дека направи историска грешка за својот народ, за себе и за историјата. Мислам дека се изолираше. Да се изолираш е една работа, но да бидеш во состојба да излезеш од тоа е тежок пат – вели Макрон во интервјуто.

Францускиот претседател повтори дека Русија не треба да се понижува, што е лошо примено на истокот на Европа, „за да можеме, штом престанат борбите, преку дипломатски пат да му овозможиме излез од таа ситуација“.

На упорните повици да го посети Киев, тој одговори: „Денес ништо не исклучувам“.

Сакаме да ја зголемиме финансиската и воената помош на Украина. И на крајот, ќе направиме сè за да го извеземе житото од Украина, додаде францускиот претседател.

Француските испораки на топови „цезар“ на украинската војска ќе бидат компензирани, кажа Макрон.

„Побарав од нашите фабрики да го забрзаат производството на оружје, не само за пополнување на резервите туку и за зајакнување на нашата независност“, истакна францускиот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.