Новоизбраниот хрватски претседател Зоран Милановиќ размислувал да ѝ понуди на досегашната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, амбасадорско место.

Не е одговорна за никакви кривични дела, а беше и претседателка, изјавил Милановивиќ за новинарите кои се распрашувале за неговите планови по освојување на претседателската функција.

Китаровиќ-Грабар веќе еднаш ја извршуваше амбасадорската функција – во 2008 кога беше избрана за амбасадорка на Република Хрватска во Соединетите Американски Држави.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.