По титулата почесен граѓанин на Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина го удостои седумкратниот светски првак во Формула 1 Михаел Шумахер со улица, која од денеска го носи името на прославениот германски возач.

Како што јавија локалните медиуми, со одлука на Собранието на Кантонот Сараево, А трансверзалата во главниот град е преименувана во А трансверзала „Михаел Шумахер“.

Германскиот возач во Ф1 во текот на 90-те години од минатиот век двапати ја посети Босна и Херцеговина, престојувајќи како амбасадор на УНЕСКО и американска хуманитарна организација, и притоа донираше пари за помош на децата ранети за време на војната.

Кон крајот на 2013 година Михаел Шумахер тешко се повреди на скијање на француските Алпи, а неговото семејство сите информации околу здравствената состојба на поранешниот светски првак ги чува во најголема тајност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.