Неколку десетици мигранти и бегалци кои протестираа на железничката станица во Атина и го блокираа железничкиот сообраќај, синоќа го прекинаа пртотестот и тргнаа кон север.

Тие бараа да им биде дозволено да патуваат во северна Грција, каде што стотици баратели на азил се собраа надвор од кампот за мигранти на периферијата на Солун, по лажна вест на социјалните мрежи дека одново е отворена „балканската рута“, се обидоа да пробивјат полициски кордон и да тргнат кон граничниот премин Идомени.

“Во тек се напори да се убедат овие луѓе да сфатат дека ветувањата и уверувањата што им беа дадени не се вистинити. Тие можат да изгубат повеќе отколку што се надеваат дека ќе ги добијат. Ние постојано ги информираме и веќе почнуваат да се повлекуваат“”, изјави генералниот секретар на Министерството за миграции, Милтијадис Клапас, за АНА-МПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.