Грчките власти, доцна синоќа забележаа чекори за празнење на импровизираниот камп кај Кастањес, пишува утрово грчкиот весник „Катимерини“ и додава дека мигрантите насобрани на турска страна на границата со Грција, полека си заминуваат и масовно со автобуси се враќаат кон Истанбул.

Според информации на весникот, целата таа раздвиженост била организирана од турските власти.

Кусо по полноќ, мигрантите започнале да ги пренесуваат шаторите и останатите предмети кон шумата, а подоцна и ги запалиле.

-Според извори од Генералштабот на армијата се задржува највисокото ниво на подготвеност, бидејќи шумата во Кастањес е доста густа и движењето, би можело да се искористи и за да го одвлече вниманието на властите, но и нивната подготвеност, пишува „Катимерини“ и додава дека денеска на грчко – турската граница ќе пристигнат Министерот за одбрана на Грција и Началникот на Генералштабот на грчката армија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.