Група бегалци и мигранти се обиделе да се качат на товарен воз што сообраќал од Солун до Идомени, што се наоѓа на границата на Грција со Македонија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, машиновозачот ја известил полицијата дека во вагоните нелегално се качиле група мигранти и бегалци, по што го запрел возот во близина на Солун.

Кога пристигнала полицијата, лицата што биле во вагоните веднаш побегнале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.