Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, за време на неговото обраќање на Генералното собрание на ОН, во делот посветен на европската перспектива на регионот, порача дека не треба да се испушта можноста да се искористи самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија за да се направи смел чекор напред.

Време е Европската унија да испорача – изјави Мицотакис.

Тој истакна дека Грција секогаш била активен поддржувач на европската перспектива на Западен Балкан како средство за повеќе просперитна, стабилна и демократска иднина на регионот.

По усвојувањето на Солуснката агенда во 2003 година европската перспектива беше движечка сила за реформи, демократизација и промена. Но, да бидеме искрени, исто така постоеше и замор и разочарување. 18 години е долго време. Време е ЕУ да испорача европска перспектива за регионот – порача Мицотакис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.