Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, предупреди дека Грција ја доживува својата најголема горештина од 1987 година и ги повика граѓаните на зголемена внимателност. Ваквото предупредување на Мицотакис доаѓа откако синоптичарите најавија дека температурите деновиве би можеле да достигнат и до 45 степени Целзиусови.

Интензивната топлина е една од главните причини да се разгорат пожарите кои од саботата уништија повеќе од 3.000 хектари борови и маслинови градини во западниот дел на земјата.

Мицотакис побара од граѓаните доброволно да штедат електрична енергија, бидејќи топлотниот бран што ја зафати Грција ја оптовари енергетската мрежа во земјата и ја зголеми можноста за прекин на доставата на струја.

Мицотаки, за време на посетата на седиштето на операторот на мрежата ДЕДДИЕ во Крионери, источна Атика, изјави дека властите ги презеле сите мерки на претпазливост за да избегнат прекин на електричната енергија. Сепак, Мицотакис ги повика Грците да ги исклучат светлата за да го намалат притисокот врз електричниот систем во земјата.

Повикот беше упатен бидејќи се очекува од утре температурите да се зголемат до 46 степени Целзиусови во некои делови на земјата. Поради најтешкиот топлотен бран од 1987 година, за околу една недела во земјата починале повеќе од 1.000 луѓе поради големите горештини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.