Грција е на ваша страна, заедно можеме да ја запреме оваа војна, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата порака на меѓународниот телемаратон за поддршка на Украина.

ТВ маратонот „Save Ukraine #StopWar“ се пренесуваше во 20 земји, а во Атина, Украинците го следеа на видеобим поставен пред општинската зграда во центарот на градот.

Ви говорам од Атина, Грција родното место на демократијата. Јас сум еден глас меѓу милионите гласови. Обединети гласови за Украина. Гласови обединети против оваа војна – изјави Мицотакис на почетокот од неговата порака, додавајќи дека за Грците, „страдањето на Украинците е длабоко лично“ и се осврна на Мариупол, каде што живее грчката заедница што брои 150.000 лица.

Мицотакис истакна дека за Грција, поддршката e „прашање на неопходност, прашање на принцип“ и затоа ќе продолжи да испраќа хуманитарна помош за Украина, да прима бегалци, а потенцираше дека веќе се пристигнати 15.000, од кои 5.000 се деца, но и повтори дека ќе помогнат во обновата на Украина.

Денес, каде и да сте во светот, знајте го ова: во борбата против тиранијата, во борбата за демократија и самоопределување во Украина, вашиот глас е важен. Грција е на ваша страна. Заедно можеме да ја запреме оваа војна – порача Мицотакс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.