Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, рано утрово, ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис на социјалните мрежи сподели видео од вакцинацијата со коментар „Втора доза од вакцината”.

Првата доза, грчкиот премиер ја прими на 27 декември 2020 година и заедно со претседателката Катерина Сакеларопулу беа меѓу првите кои се вакцинираа во Грција.

Согласно официјалните податоци, од почетокот на вакцинацијата до саботата попладне во Грција биле вакцинирани 79.744 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.