Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, на Твитер објави дека десет цивили со грчко потекло денеска се убиени во руските бомбардирања во Украина.

„Десет невини цивили од грчко потекло денеска се убиени во руските воздушни напади во близина на Мариупол. Запрете го бомбардирањето сега!“,напиша Мицотакис на Твитер.

Официјална Атина упати и протестна нота до руската амбасада до Грција, а за утре го повика и рускиот амбасадор во Министерството за надворешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.