Мицотакис често ме контактира, обидувајќи се да најде начин како да ни помогне за време на пандемијата, откри премиерот Зоран Заев говорејќи на Делфи економскиот форум во Атина, објаснувајќи дека законските аспекти на Фајзер биле пречка, Грција да понуди помош со вакцини, но и додаде дека за Македонија, лани од јужниот сосед стигнала опрема вредна над два и пол милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

-Со премиерот Мицотакис изградивме многу позитивни односи, многу позитивна соработка. Морам да споделам со грчките граѓани дека тој многу често ме контактира, обидувајќи се да најде начин како да ни помогне за време на пандемијата. Бидејќи земјите членки на Европската Унија, немаат повеќе вакцини, но имаат порано од нас. Понуди многу можности, но законските аспекти од договорот со Фајзер беа проблематични. Но, Грција, сподели 2.650.000 евра опрема, различен вид на опрема за време на драматичните месеци минатата година, кога бевме под притисок, откри претседателот на Владата на Македонија, додавајќи дека „ние сме земја во развој, тогаш ни беше потребна помош, а Грција беше прва што ни излезе во пресрет

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.