Светот на Драгутин Пешиќ се руши во еден момент. Во сообраќајната несреќа кај клучката за Пожаревац, на автопатот Ниш-Белград загинаа неговиот син Александар Пешиќ (42), сопругата Станица (75) и осумгодишните близнаци Вук и Наум. Тие пред два дена со својот „цитроен“ тргнале на одмор, кога на нив налетал автомобил „фолксваген шаран“, зад чиј волан бил финскиот државјанин Адем Смаил (49), наводно Албанец од Косово.

Новинарите на српски „Курир“ го посетиле домот на Драгутин во Крагуевац, каде едвај стоел на нозе.

Ги испратив на пат. Колку беа весели, децата скокаа, се радуваа…Каква е оваа трагедија, што е ова? Сè e завршено. Што ќе правам, како?, вели дедото.

Веста за сообраќајката ја видел на телевизија.

Видов црвен автомобил, исечен на парчиња. Ми се виде познат. Викнав полиција, ми кажаа дека тројцата загинале на лице место, а едното дете е префрлено во Белград, раскажал Драган.

Веста дека и другиот внук им подлегнал на повредите го докрајчила.

Размислував за тој што ја предизвика сообраќајката. Ќе го тужам! Ми уби сè. Тоа ми е обврска како дедо, татко, сопруг, рекол Драгутин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.