Албанскиот претседател Илир Мета упати силна порака до владеачкото мнозинството, барајќи од нив да не се мешаат во Уставот.

Тој избра цитат на Абрахам Линколн за да се обрати до владата на Еди Рама, која најави дека уставните измени,со кои се укинуваат изборните коалиции, ќе бидат изгласани во Собранието на 30 јули.

„Не интервенирајте ништо во Уставот. Тој треба да се зачува, бидејќи е единствената заштита на нашите слободи“, е цитират од изјава на Линколн што ја постира Мета на Фејсбук.

Отфрлајќи ги сите препораки и предупредувања на странците, албанскиот премиер Еди Рама, вчера на пленарна седница на Парламентот категорично порача дека не се откажува од гласањето за уставните измени на 30 јули, со кои се укинуваат изборните коалиции.

На 30 јули, ќе гласаме, ниту повеќе, ниту помалку од тоа што го договоривме: Изборните листи ќе се отворат, а коалициите ќе се укинат како и насекаде во Европа. Ние гласавме овде за договорот од 5 јуни. Оние што велат дека 30 јули го крши овој договор, не знаат за што зборуваат, затоа што овој договор не е блокирање на членовите кои треба да се рефлектираат по уставните измени, рече Рама.

Тој му порача на Мета дека „нема никакво право врз одлуката на парламентот за уставни измени, туку дека треба да се покори на тоа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.