Делови од телото на 52-годишниот Милан Филиповиќ од Куршумлијa, автопревозник и сопственик на локал во Швајцарија, кој исчезнал на 22 декември 2018 година, пронајдени се во Црвен канал кај Смедерево.

Родољуб Јовановиќ, месар, уапсен e поради сомнение дека го убил, а потоа и распарчил телото на Милан. Toj признал дека му испраќал пораки на несреќниот човек за да го намами дома и дека тоа го правел од Фејсбук профилот на неговата сопруга Санела, пејачка, која со претприемачот од претходно била во контакт.

Роднините загрижени за исчзнувањето на Милан пријавиле во полиција, а на Фејсбук објавиле негова фотографија со цел негово побрзо пронаоѓање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.