Откако армијата денеска излезе на терен внимателно да ја следи ситуацијата во врска со спроведувањето на мерките против ширењето на коронавирусот, албанскиот премиер Еди Рама доцна попладнево најави нови мерки.

Според Рама од утре до понеделник режимот на движење се менува, затоа што, како што наведува, немаме ниту час, а не денови за губење во едукација на непослушните.

– Така од утре движење ќе биде дозволено од 5:00 до 13:00 часот. Ова ќе важи и за трговските објекти за продажба на храна, за лекови или банкарски услуги. Движење ќе им биде дозволено единствено на припаднците на армијата, на полицијата, специјалните државни служби и медиумските компании – најави Рама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.