Вкупно 800 бегалци и миграни досега се сместени во новиот, привремен камп на грчкиот остров Лезбос, а 21 од нив, според грчката новинска агенција АНА-МПА се позитивни на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Од саботата започна процесот на сместување на бегалците и мигрантите кои по двата пожари во Мориа останаа без кров на глава.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, рече дека ако продолжат со истиот ритам, во следните три четири дена ќе заврши целиот процес, а не е планирано сместување на сите 12-13 илјади бегалци и мигранти, бидејќи дел од нив веќе се сместени на друго место.

Објасни дека пред да се сместат во новиот приверемен камп, при влезот, сите бегалци и мигранти со помош на брз тест се тестираат за Ковид-19, а на оние со позитивен резултат, им се прави и молекуларен ПЦР тест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.