Новиот американски претседател Џо Бајден би можел во својот тим да врати подзаборавени ликови кои се добро познати на Балканот, коментираат српските медиуми. Како што се најавува, Викторија Нуланд би можела да биде номинирана за заменик помошник државен секретар за Балканот.

Таа добро го познава регионот и за време на нејзниот мандат беше и во Македонија. Беше активна и во немирите во Украина.

Медлин Олбрајт пак би можела да биденазначена за олеснувач во преговорите меѓу Косово и Србија.

Таа е поранешен Државен секретар од времето кога претседател беше Бил Клинтон и најголем заговорник на НАТО бомбардирањето на Србија. Има 83 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.