Хрватот Антун Топлак (62) почина откако по грешка во болница место физиолошки раствор, му бил вбризган дезинфициенс. Трагичниот инцидент се случил во болницата во Чаковец и министерот за здравство Вили Берош потврди дека грешката ја направила медицинска сестра.

Топлак бил во болница заради рутинска терапија на хемодијализа, кога интравенозно примил недозволено средство, соопштија од болницата. Локалните здравствени власти дополнително потврдија дека на пациентот место физиолошки раствор, му бил вбризган медицински дезинфициенс, кој е исклучително отровен.

Зборував со директорот на болницата, кој ми кажа дека дошло до неочекувана грешка која завршила трагично. Овој случај е редок исклучок, зашто вакви грешки не се повторуваат во нашите болници. Овдека не станува збор за лекарска грешка, изјави Берош.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.