Сè уште е во тек истрагата против српскиот макро Михајло Максимовиќ, кој неколку пати е апсен за подводување и проституција. За активностите на Максимовиќ, кој важи за водич на елитната проституција на Балканот, сослушана била и една од девојките кои ги врбувал.

Како што дознава српски „Курир“, оваа девојка за Максимовиќ работела три години, а давала сексуални услуги на неговите клиенти – од угледни бизнисмени, до платени убијци.

Михајло го запознав во 2015 година. Прво со него имав сексуални односи, а потоа и почнав да работам за него. Првиот клиент кој ми го донесе беше Арап. Михајло тогаш ми рече дека сè што треба да направам е да одам в хотел, и да бидам убава и насмеана, рекла таа на сослушувањето.

Меѓу сите работи кои морала да ги прави за клиентите на Максимовиќ, издвоила и бизнисмен, кому му ги исполнувала сексуалните фантазии.

Ме водеше на подводец како куче, раскажала таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.