21 годишниот Н.Ј е уапсен откако и се заканувал и се обидел да ја нападне новинарската екипа на ТВ Прва кај Ада Циганлија во Белград.

Тој обвинет дека при снимањето на прилог од страна на новинарската екипа пришол и сакал да го прободе снимателот со вилушка за скара. По инцидентот на младиот напаѓач му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде изведен во Второто основно јавно обвинителство во Белград. Против него е поднесена кривична пријава засторено кривично дело насилничко однесување.

Денеска околу пладне пак, на улицата Првомајска во Земун, маж ја нападнал новинарската екипа на РТС, навредувајќи и заканувајќи им се. Полициските службеници на ПС Земун интензивно работат на откривање и пронаоѓање на сторителот на овој напад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.