Телото на Матеј Периш Периш беше пронајдено вчера во 9.20 часот на 7,5 километри од местото каде што влегол во водата. Очевидци велат дека го препознале по маицата, мобилниот телефон и часовникот што го носел кообната вечер.

-Веднаш беше забележано дека младиот човек е облечен исто како Матеј, во џебот имаше мобилен телефон и на раката сребрен часовник. Фотографиите беа споредени и јасно беше дека натписот на маицата е идентичен. Полицијата го пренесе телото на обдукција, ќе се направат ДНК и токсиколошки анализи, а информирано е и семејството – наведува извор од истрагата.

Телото на Матеј било целото калливо

Младиот човек кој беше извлечен од Дунав бил целосно каллив и по лицето и по целото тело. За неговата гардероба се залепиле алги и тиња. Лицето било непрепознатливо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.