ОН врз основа на својата статистика проценува дека од 1990 до 2020 година околу 1,2 милиони лица ја напуштиле Албанија.

Станува збор за нето миграција, која вклучува разлика меѓу оние што се враќаат и оние што заминуваат.

Најголемиот миграциски бран,според ОН е забележан во периодот 1990-1995 година, кога преминот од централизирана во пазарна економија и отворање на границите, предизвикал многу албански граѓани масовно да заминуваат , преку амбасади или бродови. Во овој период избегале 443.000 лица.

„Трендот продолжил во 1995-2000 година, поттикнат од немирите во 1997. Во овој период заминале 180.000 лица. Скоро на истите нивоа бил и во наредните пет години. Во периодот 2005-2010 година, повторно е забележан зголемен бран на миграција со 217.000 а во следните пет години земјата ја напуштиле 137.000 лица. Во последните пет години, тенденцијата за напуштање на земјата продолжи, иако со побавно темпо во 30-те години на транзиција, наведува ОН.

Се пренесуваат и предвидувања за очекуваната миграција во иднина. Така, во периодот 2020-2025 година се предвидува земјата да ја напуштат околу 70.000 лица нето бројка, следните пет години 55.000,додека во периодот

2030-2035 околу 40.000 лица или до 2100 година нето бројка од 615.000 лица.

Според последната проценка,направена во 2019 година во најоптимална варијанта,со нула миграција и нормална стапка на наталитет во 2100 годна Албанија не се очекува да има повеќе од 1,9 милиони жители,додека според средната варијанта милион жители.

Според најниското сценарио (висока стапка на емиграција и ниска стапка на наталитет), во Албанија во 2100 година, не се очекува да останат повеќе од 512 илјади жители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.