На видео снимка која кружи по социјалните мрежи од упадот во зградата на РТС се гледа човек со бела фантомка на глава и пила за дрва во рацете.

Наводно снимката е забележана кога лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ со група демонстранти упаднал во зградата на јавниот сервис, со барање некој од претставниците на опозицијата и протестот да биде гостин во Дневникот.

Откако не било послушано барањето на полицијата мирно да ја напуштат зградата, жандармеријата, на мирен начин, без употреба на сила ги изнесла демонстрантите.

Според министерот за внатрешни работи, приведено е само едно лице кое со нога клоцало полицаец, но не е познато што се случило со демонстрантот со моторната пила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.