Од под урнатините на една зграда во Измир спасувачките екипи извлекоа три годишно девојче, соопштија турски официјални лица.

Три дена по разорниот земјотрес кој погоди западни делови од Турција и делови во Грција, бројот на жртвите порасна на 81, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани од под урнатините на осумте згради во Измир.

На снимките кои кружат на Интернер прикажано е како спасувачите ја извлекуваат 3 годишната Елиф и ја пренесуваат до амбулатното возило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.