Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот рече дека Париз ќе заземе цврст став кон Турција во врска со тензиите во источниот Медитеран, бидејќи Анкара „почитува само“ кога зборовите се проследени со дела.

Кога станува збор за медитеранскиот суверенитет, морам да бидам конзистентен во делата и зборовите. Можам да ви кажам дека Турците го имаат предвид и го почитуваат тоа… Тоа е политиката на црвена линија. Јас го сторив тоа во Сирија, изјави Макрон.

Тензиите меѓу Турција и Франција трае во последните неколку месеци откако Париз ја поддржа Грција, што е во спротивност со тврдењата на Турција околу правата на континенталниот гребен и потенцијалните ресурси на нафта и гас во областа на источниот Медитеран.

Претходно денеска, Европската унија укажа на можноста за санкции против Анкара во врска со територијалниот спор меѓу Турција и Грција.

Американскиот претседател, Доналд Трамп повика на дијалог. Белата Куќа вчера соопшти дека претседателот телефонски разговарал со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис.

Ден пред американскиот претседател во смирување на тензиите помеѓу двете земји членки на НАТО се вклучи и Германија која исто така повика на дијалог.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.