Хрватската полиција соопшти дека вчера, вторник, 01.01.2019, на автопатот кај Нова Градишка во Хрватска е запрен македонски државјанин кој возел 254 километри на час.

Хрватските медиуми јавуваат дека покрај паричната казна, на возачот му е изречена забрана за управување со возило на територија на Хрватска во наредните 30 дена.

Македонецот, пишуваат хрватските медиуми, управувал возило со германски регистерски таблички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.