Македонски автобус утрово се преврте во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце, пренесуваат српските агенции. Според првичните информации едно лице е потешко повредено, a десетина поминале со полесни повреди.

Крајната дестинација на патниците бил Копаоник.

Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата и во тек е распределба на повредените.

Причините за несреќата сѐ уште не се познати, но локалните медиуми пренесуваат дека делницата на која автобусот излетал од патот веќе подолго време е во реконструкција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.