На социјалните мрежи е објавена т.н рамковна позиција на Бугарија во однос на Македонија. Зад оваа позиција стоеше и досегашната влада на Бојко Борисов, но и привремената на Стефан Јанев.

Во него нема ништо добро за него и Македонија буквално да се откаже од јазик, идентитет, нација само за да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Што содржи рамковната позиција

Во неа се бараат конкретни резултати на заедничката комисија во одно на заедничката историја до 1944 година вклучително и договор за Гоце Делчев ВМОРО-ВМРО и Илинденско-Преображенското востание, отстранување на спорните плочи и заедничко славање на настани и личности.

Се бара усогласување на учебниците по историја и текстовите за случувањата во 19-от и 20-от век да се презенитираат на јазичната норма на која се оригинално напишани.

Од Македонија се бара и „да ги информира земјите-членки на Обединетите нации придружувањето кон амадманите на Уставот во согласност со Договорот од Преспа ќе се спроведува паралелно со со строго придржување на Договорот со Бугарија во целост, вклучително и и во однос на јазичната клаузула на договорот“.

Исто така Македонија треба да испрати допис дека употребата на краткото име Македонија во согласност од Договорот од Преспа се однесува на Република Македонија а не за географскиот регион Македонија од кој дел се наоѓа и во Бугарија.

Ништо понежни не се ни барањата на Бугарија во однос на јазикот.

Да се употребува фразата службен јазик на „Република Македонија“. Во случај на апсолутна потреба на користење на терминот македонски јазик во документите и и позициите на ЕУ секојпат да се додаде фусноста дека е во согласност на Уставот на Република Македонија.Треба да се наведе дека јазичната норма која е наведена како уставен јазик во Република Македонија е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите дијалекти во поранешната југословенска република по нивната кодификација во 1944 година.Ниту еден документ не смее да смета за признавање на бугарската страна на постоење на т.н македонски јазик како различен од бугаркиот.

Од Македонија се бара и да се откаже од поддршка за постоње на македонско малцинство во Бугарија па дури и да побара од Советот на Европа да не дава нивна поддршка.

Од медиумите се бара во никаков лош контекст да не се споменува Бугарија и лицата кои се самоидентификуваат како Бугари.

Бугарија исто така бара да се откријат и денешните соработници со разузнавачките служби од поранешна Југославија.

Добрососедството треба да биде континуиран услов во преговорите со ЕУ а Бугарија да може да бара гаранции како тоа се спроведува и да може да го блокира преговарачкиот процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.