Бугарија и Грција заеднички ќе подигнат споменик на Гоце Делчев во селото Баница каде што е убиен, најавија бугарските медиуми. Иницијативата доаѓа од грчката пртетседателка Катерина Сакеларопулу.

Ќе ја поддржам иницијативата за подигање спомен плоча на Гоце Делчев во селото Баница во денешна Грција по повод 120-годишнината од неговото убиство, што ќе се случи во 2023 година-изјави бугарскиот претседател Радев.

Бугарија и Грција ги оставија настрана сите противречности во минатото и во моментов се модел и пример за стратешко партнерство и разбирање додава бугарската држава.

Не гледам проблем, Грција, која е суверена држава, и се грижи за спомениците на нејзината територија, треба да даде можност за таков споменик, особено што Гоце Делчев е бранител на слободата на сите луѓе, без разлика во која земја живееле, рече Радев.

Селото Баница, или на грчки Кариес е село во регионот на Серес каде во 1903 година загинал македонскиот револуционер Гоце Делчев. Баница денеска речиси и да не постои.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.