Кипар објави ажурирана листа со 36 држави, врз чија основа на епидемиолошката слика во секоја земја, поделени во три категории, е дозволен влез во земјата.

Врз основа на епидемиолошките податоци, репродукцискиот број, бројот на нови случаи, стапката на смртност на 100.000 жители, како и од рангирањето од Светската здравствена организација, 22 земји се во првата, а 14 земји во втората категорија. Сите земји кои не се наведени во овие две категории се третираат во трета категорија и за нив

Во првата категорија земји со ниска опасност се Австралија, Австрија, Хрватска Чешка, Данска, Естонија, Финска, Германија, Грција, Швајцарија, Јапонија, Унгарија, Исланд, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Словачка, Словенија и Јужна Кореа и за нив не се предвидени никакви рестрикции и не е потребен тест за Ковид-19.

Во втората група земји со „веројатно ниска опасност, но со зголемен сомнеж опасност во споредба со првата“, се Бугарија, Белгија,  Франција, Ирска, Израел, Италија, Либан, Јордан, Холандија, Шпанија, Полска, Романија, Србија, Обединети Арапски Емирати и задолжителна е потврда за негативен ПЦР тест  направен 72 часа пред патувањето.

Министерството за здравство на Кипар претходната листа ја објави пред 10 дена, а од тогаш промените се во однос на Бугарија и Србија.

Бугарските државјани се префрлени во втората категорија, во која сега, вклучени се и српските туристи, кои на претходната листа не фигурираа.

Странските туристи, пред да го посетат Кипар, задолжително е да достават барање за „Cyprus Flight Pass“ (https://cyprusflightpass.gov.cy/) 24 часа пред патувањето.

Паралелно, ќе се врши и тестирање по случаен избор на аеродромите за посетители, кои пристигнуваат со одредени летови

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.