Дали Македонија ќе биде причина за пад на бугарската влада?. Како што стојат работите сосема е извесно дека владата на Кирил Петков ќе остане без коалицискиот партнер „Има таков народ“ откако шоуменот Слави Трифонов најави дека ја напушта владата. Причина-Македонија.

Двајца министри од партијата „Има таков народ“ – министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов денеска најавија дека ќе поднесат оставки.

Според Слави Трифонов, кој ги повлече министрите на „Има таков народ“, има две причини за распадот на четирикратната коалиција – темата Македонија и непочитувањето на коалицискиот договор и тоа што Трифонов повеќе нема пари во земјата. Тој ја оцени како погрешна и штетна финансиската политика што ја водат министерот за финансии Асен Василев и премиерот Кирил Петков.

Ова се уште не значи дека ќе падне владата на Петков и таа може да функционира се додека некој не побара гласање за недоверба поради тоа што власта нема мнозинство во парламентот.

Како што најавуваат од партијата на Петков тие ќе направат се да спречат нови избори.

Подготвени сме за нови избори, но пред тоа ќе направиме се за да спречиме таков развој на настаните, изјави во Јамбол Лена Бориславова, шеф на политичкиот кабинет на премиерот Кирил Петков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.