Македонците кои денеска замина на шоипинг во Солун наидоа на затворени врати. Тие биле затекнати, со оглед што воопшто не било најавено дека денеска е неработен ден. Но жителите им објасниле дека причината за затворените дуќани е снегот.

-Многу од продавниците се затворени. Има некои дуќани кои работат, но тие се ретки. Не работат сите продавници во трговските центри, затворени се и продавниците низ центарот на Солун. Причина бил снегот. Велат да се соземеле од снегот што паднал, па подоцна ќе почнеле со работа – вели Марина, која денеска е во Солун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.