Грчките власти објавија дека патниците кои ќе влезат во таа земја од 16 држави меѓу кои и Македонија, а немаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од имунизацијата задолжително ќе бидат тестирани за Ковид-19 при пристигнувањето.

Во таков случај, негативниот тест ќе биде потребен услов за тие да може да влезат во земјата.

Истото правило ќе важи и за оние кои нема да покажат потврда за прележан Ковид-19, односно патуваат со негативен ПЦР или рапид тест.

Дополнителната мерка е вклучена во новата министерска одлука на грчката Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.