Двајца Македонци паднаа во рацете на полицијата по серија извршени кражби на плажите во Будва.

Се работи за 58-годишниот Шаип Р. и 52-годишниот Тони Т. кои изминатите две недели извршиле шест кражби на плажите во Будва така што краделе торби од присутните на плажата, па потоа ги оставале под чадорите додека се бањале во море. Со автомобилот секој ден доаѓале на плажа, обично ги бирале најпосетените. Користејќи го метежот, незабележано краделе. За жал и мало невнимание на туристите било доволно да останат без своите предмети. Краделе торби со лични работи, паричници, пари, накит, картички за банка, па дури и гардероба.

Полицијата за да ги спречи кражбите, назначи одреден број инспектори што секојдневно се во цивил и ја контролираат плажата. Токму во таков случај се уапсени државјаните на Северна Македонија. Ги следел до автомобилот што го паркирале недалеку од плажата, каде им се ставени лисици на рацете и приведени, велат од тамошната полиција за Вијести.

Македонците вчера биле упатени во затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.