Во семејната куќа на Аксентијевиќ во селото Опланиќ, каде мајката Славица живеела со настраданите близнаци Наум и Вук(8) доаѓаат мештаните, роднините и пријателите да изразат сочуство.

Од куќата од време на време се слушаат лелек и плач, а мајката Славица не може ниту да зборува. Таа не може да ја прифати смртта на своите две деца кои после повеќе години лекување ги добила со својот поранешен сопруг Александар.

Во куќата на болката присутни се и учителката на близнаците, соседите, пријателите. Сите се скршени од тага.

Беа весели момчиња. Одеа по патот во училиштето кое е блиску, секому се јавуваа. Насмевката не ја симнуваа од лице. Ваква трагедија не се памети во Шумадија во последниве 25 години – рекол еден од соседите.

На загинатите близнаци опело ќе им се служи утре во семејната куќа на Опланиќ.

Потресен статус на социјаните мрежи оставија и членовите на КУД од Опланиќ, каде близнаците играле фолклор.

Со голема тага и болка, ги известуваме сите пријатели дека нашиот КУД остана без две прекрасни момчиња. Близнаците Наум и Вук Пешиќ(8) ги изгубија животите во сообраќајната несреќа на автопат, каде тргнале на летување. По овој пат, КУД Горња Гружа, упатува најискрено сочувство на семјството и пријателите. Опелото на нашите ангели ќе биде служено во вторник 6 август во куќата на Опланиќ – се вели во соопштените на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.