Славица Бурмазовиќ од Србија е доказ дека мајчината љубов кон децата нема граница. Таа била во брак со Ејуп Сабри имале три деца. По разводот тој со три деца мистериозно ја напушта земјата и оди во родната Турција, во градот Мерсим.

Тоа се случувало во2015 година и оттогаш трае голготата на Славица да ги види своите две ќерки и синот. Таа вели дека децата се изнесени од Србија без нејзина согласност а на едното дете дури и му бил истечен пасошот.

Поранешниот сопруг само повремено дозволувал по телефон да се слушне со децата а тие понекогаш скришум се јавувале кај мајката на која и велеле дека сакаат да се вратат во Србија.

Славица поднела тужба во Турција каде судот во Мерсим стигнала пресуда дека Ејуп мора да ги врати децата кај мајката.Тој не сакал ни да чуе за тоа па задно со нив заминал да живеее во Иран.

Благодарение на добрите врски помеѓу Иран и Србија, и посебно го ангажманот на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, децата пристигнаа на белградскиот аеродом каде беа пречекани од мајката и од бројни новинарски екипи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.