Мајката на Коста Кецмановиќ не сака да го види синот, дознава српска „Република“.

Не сака да го види со очи. Таа не може да го погледне по тоа што го направи. Иако сè уште е во шок, знае дека ниту би можела да застане пред својот син, ниту пак би сакала да го слушне. Едноставно не ја интересира што има да каже Коста, изјавила пријателка на Миљана Кецмановиќ за српска „Република“.

Според неа, мајката целосно се изолирала.

Таа речиси и не разговара со нејзините пријатели и колегите. Свесна е дека нејзиниот син го направи најтешкото злосторство во историјата на Србија, како и едно од најтешките во светот, рекла пријателката.

Капак на сè бил и исказот кој Коста го дал пред полицијата. Како што веќе пренесоа српските медиуми, 13-годишникот извршител на крвавиот пир во белградското училиште рекол дека му е жал што не може да ја види мајка му како страда и дека му е жал што не го видел моментот кога таа дознала што направил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.